Скопјанец ја избркал сопругата од домот, со години ја тепал и навредувал

Во полициска станица вчера бил пријавен уште еден случај на семејно насилство.
-На 31.10.2026 во 21:55 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга, на која и упатувал закани и ја истерал од семејниот дом. Според пријавеното, пријавителката изминатите години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.






