Милијардерот Мохамед Алабар го продава својот стан во „Белград на вода“: Се навестува ли негово заминување од Србија?

На прашањето на „Форбс Србија“ дали продажбата има некаква врска со резултатите од неодамна одржаните парламентарни избори во Србија, од фирмата на Алабар одговориле дека на транскацијата треба да се гледа исклучиво како на договор за приватен имот

. EPA/ANDREJ CUKIC

Инаку, како што објави „360 степени“ на почетокот на годината, Алабар во декември лани ја посети и Македонија, за што сподели и видеа на неговите профили на социјалните мрежи

Милијардерот од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и бизнис-партнер на Србија во проектот „Белград на вода“, Мохамед Алабар, неодамна го продал својот стан во оваа населба, открива „Форбс Србија“.

Според податоците од српскиот катастар на недвижности на кои се повикува изданието на „Форбс“, станува збор за голем пентхаус од 344 квадратни метри во една од првите изградени згради – „Би даблју резиденсес“ (BW Residences).

 

Алабар во Скопје

Инаку, Мохамед Алабар, барем за упатените, не е непознато име во Македонија, а и нему не му е непозната земјава. Имено, „360 степени“ на почетокот на годинава објави сторија за милијардерот од Емиратите, неговите инвестиции во Србија, контроверзиите поврзани со нив, но и за интересот на актуелната македонска влада за привлекување инвеститори од земјата од која доаѓа Алабар. Повод беше неговата посета на Македонија кон крајот на мината година, кога, според видеата што самиот ги објави на социјалните мрежи, се прошета низ Скопје и во Битола, придружуван од советник во Владата.

 

 

„Северна Македонија – земјата на Александар Велики. Нација со горда историја, обликувана од реки, планини и плодни долини. Дефинирана, пред сè, од топлината и гостопримството на нејзините луѓе“напиша Алабар на 26 декември 2025 година на Инстаграм, покрај видеото од прошетката по битолски Широк сокак.

Меѓу неговите придружници, според видеото, беше Сашо Марковски, советник на премиерот за надворешна политика.

Објавата на милијардерот ја „лајкна“ и премиерот Христијан Мицкоски. Но, од „Илинденска“ број 2 на прашања на „360 степени“ не кажаа дали премиерот и други владини функционери имале средби со бизнисменот од Обединетите Арапски Емирати кој го изгради „Белград на вода“.

Неколку месеци пред посетата на Алабар, поточно во април 2025 година, македонскиот премиер предводеше владина делегација во Емиратите, по која изјави дека се можни инвестиции во Охрид, Чебрен и Галиште, Попова Шапка, „лендмарк“ во Скопје во близина на касарната Илинден и други проекти.

На почетокот на декември, лани, во посета на Емиратите беше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во гостување во „360 степени“ пред Нова година, прашан зошто во периодот меѓу неговата и посетата на премиерот јавноста не слушна ништо ново за најавените инвестиции, вклучувајќи го и т.н. „лендмарк“ во Скопје, шефот на дипломатијата одговори дека во тој момент земјите разговараат за конкретни документи.

Засега нема познати инвестиции на Албар во Македонија, но кога станува збор за „Белград на вода“, продажбата на пентхаусот, меѓу другите, го отвора прашањето дали тоа значи и заминување на бизнисменот од Србија.

Продажбата на станот и изборниот пораз на Вучиќ

Според „Форбс Србија“, податоците од катастарот на недвижности покажуваат дека станот е продаден, односно продажбата е договорена и на купувачот му се дава рок до средината на декември оваа година да ја плати договорената сума и да ја финализира купопродажбата.

Од „Игл хилс“, компанијата на Алабар во Србија ја потврдиле продажбата на станот.

На прашањето дали продажбата има некаква врска со резултатите од неодамна одржаните парламентарни избори во Србија, од фирмата одговориле дека на транскацијата треба да се гледа исклучиво како на договор за приватен имот.За потсетување, Алабар влезе во развој на проектот за време на владата предводена од Српската напредна партија СНС и нејзиниот долгогодишне лидер и експретседател на земјата, Александра Вучиќ, кои на неодамнешните предвремени парламентарни избори доживеаја пораз од Студентската листа.

„Г. Алабар има длабока наклонетост кон Србија, која ја смета за свој втор дом. Неговите лични и деловни врски со Србија се сè уште многу силни, како и неговата посветеност на понатамошниот развој на земјата и успехот на проектот „Белград на вода“,навеле од „Игл хилс“ во одговорот.

Според сознанијан на „Форбс Србија“, запознаени со актуелната трансакција, тој има намера да ја задржи куќата што ја купил преку неговата друхга компанија, на улицата „Ужичка“ во населбата Дедиње, додека пак, станот на „Белград на вода“ решил да го продаде во април годинава, за што бил објавен и оглас. Сепак од српското издание на магазинот не наше оглас што бил одговарал на неговиот пентхаус.

 

Купувач од Русија?

Според магазинот, од јавно достапните податоци од катастарот на недвижности, купувачот кој ја регистрирал транскацијата наведува на можност дека станува збор за лице од Русија или од една од земјите од Источна Европа. Неговото име е Александар Железников.

Пребарувањето на интернет генерално дава на увид две лица со ова име. Едниот е познат руски адвокат од Москва. Сепак, неговото средно име или татково име не се совпаѓа со средното име на лицето регистрирано во српскиот катастар.

Вториот е руски активист кој избегал во Финска во 2019 година и оттогаш се обидува да добие азил таму. „Форбс Србија“ не успеал да го утврдиме неговото средно име, но неговите долготрајни напори да добие азил во оваа скандинавска земја не сугерираат дека тој би можел да биде купувач.

 

Единственото лице чие име се совпаѓа со она што е внесено во катастарот на недвижности било на земјоделец што се соменува на руска веб-страница.

 

Судбината на „Белград на вода“

Меѓу прашања што ја интересираа јавноста по неодаменшните парламентарни избори во Србија е понатамошната судбина на Белград на вода. Промените во просторниот план за оваа област овозможија проектот дополнително да се прошири на подрачјето на сегашниот Белградски саем, потокот Чукарик, како и на подрачјето на страната на Нов Белград.

 

…

Повеќе

Back to top button
Close