Полн авион гласачи — дијаспората обединета пристигнала во Брвеница

Гласачи од дијаспората дошле со авион за да гласаат на изборите во Брвеница. Новиот градоначалник Аркин Јахији им се заблагодари на иселениците, кои како што рече, придонеле за неговата победа.

Здружението на иселениците од Челопек во Швајцарија упати честитки до жителите на општината по изборната победа и му посака успех на новиот градоначалник Аркин Јахији, како и на неговиот тим во претстојниот мандат.

Во објавата на Фејсбук, од здружението го истакнуваат единството и граѓанската свест што ги покажале жителите за време на изборниот процес. Посочуваат дека заеднички демонстрирале како треба да изгледа еден демократски процес.

„За родниот крај нема замор, има само љубов“, порачуваат од здружението

Back to top button
Close