(Доказ) Филипче: Министерката Кочоска лаже дека незнаела ништо за влезот на Алтa банка. Доказ е записникот од седница на владата за влезот на банката

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да поднесе оставка, а Обвинителството да отвори истрага за неа и за премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со Алта банка. Филипче побара во истрагата да се вклучи и Европското обвинителство, со цел да се провери текот на сите пари поврзани со банката.

Во објава на социјалните мрежи, Филипче тврди дека Владата, на предлог на министерката Кочоска, на седница одржана на 23 септември 2025 година донела заклучоци поврзани со понудата на „Алта банка“ АД Белград за преземање акции од 16 јавни институции

Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка! ОЈО веднаш да отвори истрага и за Христијан Мицкоски и за Кочовска, да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка.

Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции.

Еве го Записникот. Седницата на Владата од 23 септември 2025 година. Владата им укажувала да дадат писмена изјава за прифаќање/одбивање на понудата на „Алта банка“.

Дали ова значи дека биле во директна комуникација со Давор Мацура и му овозможувале да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата?

Срам сте! Ќе одговарате!

Back to top button
Close