СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата
Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување, се вели во соопштението од СДСМ.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.
Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.
Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.
Муцунски вели – „тоа не се критики, туку насоки“.
Во најважниот кластер – Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.
Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.
Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.
Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.
Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.
Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.






