СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар” – паѓа и Мицкоски

Новата власт во Србија побараа од врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и од Обвинителот за организиран криминал Младен Ненадиќ да отворат постапка врз основа на објавените Sky пораки.
Бараат да се испитаат врските на Александар Вучиќ со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук.
Sky преписките се во Министерството за внатрешни работи, добиени од Европол. Француските власти најавија дека од 1 декември повеќе нема да прифаќаат замолници за податоци од Sky. Затоа се бара итно да се отвори истрага и да се собере документацијата.
Во тие преписки Вучиќ е препознаен како „Оскар” – шеф на мафијата.
Неговиот полнолетен син како контакт лице што добивало месечна апанажа од картелот. Тоа не се шпекулации. Тоа се документи што сега бараат да бидат отворени.
Истиот Вучиќ што во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот ја презеде.
Истиот што донесе соработници на БИА во владата.
Истиот што ги донесе Euronews без дозвола, Ало група и Информер.
Истиот што преку Алта банка ја отвори пералницата за пари од криминал, корупција и дрога.
Истиот што му даде на Мацура кредит, а Мицкоски му даде дозвола и пари од јавни претпријатија.
Мицкоски не е само партнер. Мицкоски е дел од истата организирана криминална група.
ВМРО е сестринска партија на СНС. Кога паѓа „Оскар”, паѓа и марионетата.
Кога се отвораат Sky пораките во Белград, се отвораат и трансакциите во Битола.
Кога се апсат луѓе од полицијата и режимот во Србија, се отвора прашањето кој ги носеше нарачките во Скопје.
Обвинителството во Македонија мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафијата. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.
Паѓа Орбан. Паѓа Вучиќ. Сите знаеме кој е следниот. Правдата доаѓа. Бандата ќе одговара.

Back to top button
Close