(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков: Пријавени смртни случаи, десетици повредени

Најмалку две лица загинаа, а десет други се повредени во пукање што се случи во саботата во срцето на Краков, соопштија властите.

Истрели одекнаа на главниот градски плоштад, додека полицијата истовремено спроведуваше операција на улицата „Дитл“, известија градските власти.

Полицијата и итните служби – вклучително и медицински хеликоптер – пристигнаа на местото на настанот, во близина на црквата „Света Марија“.

Според изјави на сведоци, пренесени од полскиот медиум RMF FM, црн автомобил поминал низ главниот плоштад, а лицата во возилото отвориле оган врз минувачите.

Back to top button
Close