Руската вакцина против рак покажува резултати, метастазите се повлекуваат кај првиот пациент

Првиот пациент кој ја примил руската персонализирана вакцина против рак го завршил третманот, при што кај него повеќе не се забележуваат претходно откриените метастази.

Како што изјави академикот и научен директор на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинзбург, дури и четири месеци по завршувањето на терапијата не се откриени нови туморски промени.

Станува збор за пациент со дијагностициран меланом, на кого му била аплицирана вакцината „Неонковак“, базирана на мРНК технологија.

Овој препарат се изработува индивидуално за секој пациент врз основа на генетските карактеристики на неговиот тумор, со цел имунолошкиот систем да се насочи кон препознавање и уништување на малигните клетки.

Според Гинзбург, пациентот останува под редовен медицински надзор и секој месец се подложува на детални прегледи, вклучувајќи компјутеризирана томографија со висока резолуција, со посебен акцент на лимфните јазли.

Следењето на неговата здравствена состојба ќе трае три години, а академикот нагласи дека сè уште е прерано да се извлечат конечни заклучоци за долгорочната ефикасност на терапијата.

Според достапните податоци, вакцината досега ја примиле шест пациенти, а планот на истражувачите е до крајот на годината со овој третман да бидат опфатени вкупно 20 лица

Back to top button
Close