Жерновски: СДСМ ширел паника само кај Мицкоски и криминалната банда, власта копира рецепти од Србија за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ преку гувернерот Трајко Славески поднел кривични пријави против раководството на опозициската партија. Според него, во Македонија се применува идентичен модел на владеење и справување со опозицијата како во Србија, правејќи паралели со случувањата со звучниот топ во Белград и случајот со Алта банка.

Жерновски посочи дека Народната банка најпрвин тврдела дека сè е во ред со банката, за потоа да воведе принудна управа и ограничувања за граѓаните.

„Значи, веднаш по воведувањето на присилната управа, гувернерот Славески рече, цитирам: ‚Сè е во ред‘, но веќе наредниот ден, ако се сеќавате, воведе ограничување од десет илјади денари“, рече Жерновски, додавајќи дека Славески со потписот сам се обвинил бидејќи дал дозвола за работа на банка која, според неговите тврдења, служи за перење пари.

На крајот, од СДСМ порачаа дека времето на лагите на премиерот завршува и дека тој ќе мора да се соочи со одговорноста пред институциите.

Back to top button
Close