АХВ најави вонредна контрола во млекара по косовската забрана за увоз поради ешерихија коли

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден инспекциски надзор во македонска млекара, откако косовските ветеринарни власти забраниле увоз на нејзини производи поради утврдено присуство на бактеријата ешерихија коли.

Според АХВ, бактеријата била откриена во неколку пратки наменети за косовскиот пазар, а одлуката за забрана на увозот била донесена на почетокот на месецов.

Од македонската агенција посочуваат дека не добиле известување од косовските власти за утврдената состојба.

Во доставената информација не се наведуваат името на млекарницата, конкретните производи и засегнатите серии, ниту дали производи од истите серии биле пласирани и на домашниот пазар.

Back to top button
Close