Автомобил со скопски таблички заврши во море во Грција – снимката се шири на социјалните мрежи (ВИДЕО)

На видеото се гледа автомобил со предниот дел потопен во плитката морска вода, на само неколку метри од брегот. Возилото стои во водата, додека околу него се гледаат камења и мирна морска површина.
Авторот на објавата на шеговит начин ја коментирал ситуацијата:
„Кога автомобилот толку многу ја сака Грција што сам отишол на капење!“
„Ако некој од Скопје изгубил Волво, моментално е на капење во Грција!“
Засега нема информации како автомобилот завршил во морето, дали станува збор за незгода или за некоја друга околност.
Исто така, не е познато дали во возилото имало патници во моментот на настанот, ниту дали е причинета поголема материјална штета.
Точната локација и времето кога е направена снимката не се потврдени.
Необичната глетка, сепак, веќе го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.






