Бети Ангеловска: Jа давеше ќерка ми со голи раце, не ѝ даваше да дише – па им избега од полициска станица низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава за „Слободен печат“ им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Во меѓувреме, нејзината ќерка се наоѓа во шелтер каде била однесена по проценка на Центарот за социјални работи. Меѓутоа, кога вчера, на 13 ноември девојката отишла на суд за да се одлучи дали на пријавениот ќе му бидат изречени мерки во граѓанска постапка што ја повел ЦСР Битола, тој таму не се појавил, па судијата го презакажал рочиштето дури за 18 ноември поради неуредна достава. Според образложението во записникот, кога се направил обид да се достави поканата затекнати биле родителите на противникот кои не можеле да го исконтактираат лицето. Кривична постапка не е ниту почната.

Пријавениот останува недостапен на органите, а жртвата што го пријавила е во шелтер центар во страв за животот.

…

Повеќе

Back to top button
Close