Јанев за бегството на Ива Михаилова во Бугарија: Утврдуваме кој и како ѝ овозможил да замине

Бирото за јавна безбедност работи на утврдување на околностите под кои осомничената Ива Михаилова успеала да избега во Бугарија, како и дали некој ѝ овозможил да се најде таму. Ова го изјави директорот на БЈБ, Александар Јанев, одговарајќи на прашање поврзано со нејзиното бегство.

„Ние работиме на тоа да дознаеме кој како и што овозможил за да дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече Јанев.

Со ова, директорот на БЈБ потврди дека полицијата ги испитува околностите под кои Михаилова се нашла во Бугарија.

Јанев не соопшти дали досега се утврдени конкретни пропусти, ниту дали постојат сознанија за лица кои ѝ помогнале на Михаилова.

Случајот со Ива Михаилова е поврзан со кривична постапка во која таа има статус на осомничена, а нејзиното заминување во Бугарија отвори прашања за постапувањето на надлежните институции и начинот на кој успеала да ја напушти државата.

Михаилова се наоѓа во Бугарија, додека македонските институции треба да утврдат дали при нејзиното заминување имало пропусти во постапувањето или евентуална помош од други лица.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, рече дека ги провериле сите камери и на нив не е забележана Михаилова како ја напушта државата.

Back to top button
Close