Жена пронајдена мртва во својот дом во Валандово

Шеесет и двегодишна жена била пронајдена мртва во својот дом во валандовското село Удово. Смртта ја констатирал лекар, а точните причини за нејзиното починување ќе бидат утврдени со обдукција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 ноември 2026 година, во 9:45 часот, во Полициската станица Валандово.

Медицински тим пристигнал на местото и ја констатирал смртта, при што на првичниот преглед не биле забележани видливи траги од насилство. Полициска екипа од ОВР Валандово извршила увид.

По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Back to top button
Close