Во Грција казни до 350 евра за возачите ако неправилно користат лента на движење
Властите во Грција ќе почнат да казнуваат со 350 евра возачи кои за неправилно ќе ги користат коловозните ленти.

Правилната употреба на сообраќајните ленти е од особена важност на автопатиштата каде што големите брзини бараат поголемо внимание од возачите и строго почитување на сообраќајните правила.
Казната за неправилно користење на левата лента на автопатот може да достигне 350 евра, во зависност од категоријата на возилото и прекршокот.
Според член 33 од новите прописи за патен сообраќај, левата лента од автопатиштата и експресните патишта може да ја користат автомобилите и мотоциклите само за престигнување.
Тоа значи дека возачите не можат да продолжат да возат во неа по извршување на маневар за претекнување. Мора да го напуштат што е можно поскоро и да се движат на десната лента.
За прекршување на правилото, возачите на автомобили и мотоциклистите можат да бидат казнети со парична казна од 150 евра и да им биде одземена дозволата за период од 20 дена.
Казната за возачите на тешки товарни возила е уште поголема. За нив казната може да достигне 350 евра, а возачката дозвола им се одзема на 30 дена.






