На регионален пат Куманово – Свети Николе излета „голф“, тешко повредена е 21 годишна девојка која возела

МВР информира дека вчера наутро околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С. од с. Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Back to top button
Close