Зборувајќи на самит организиран од „Њујорк тајмс“, тој рече дека алатките за ВИ брзо ги откриваат ранливостите на софтверот и го зголемуваат притисокот врз компаниите итно да ги поправат безбедносните недостатоци. Надела истакнува дека таквото брзање остава значително помалку време за детално тестирање, што го зголемува ризикот нови грешки да урнат системи. Според него, вештачката интелигенција им овозможува на хакерите постојано и софистицирано да дејствуваат на ниво на државни актери, создавајќи чувство на постојана изложеност на напади и зголемувајќи ја ранливоста на системите. Надела особено го нагласи проблемот со физичката инфраструктура поврзана со интернет – како што се сообраќајните системи, системите за греење и ладење или индустрискиот фирмвер. За разлика од традиционалниот софтвер, многу од овие уреди се особено ранливи во ерата на сајбер напади со вештачка интелигенција. Compose