Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони за помагање при извршување на кривично дело

Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија за евентуално проширување на истрагата и кривична пријава за помагање при извршување на кривично дело и за таткото на Кристијан Корабоски, потврдиле од ОЈО во разговор со Инфомакс.

Моментално се работи на прибирање на докази, по што ќе се оцени дали и таткото ќе добие кривична пријава, велат од Обвинителството.

Во притвор во Затворот во Охрид моментално се наоѓа Кристијан Корабоски, кој се товари за три кривични дела, тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Семејството на девојката претходно на социјалните мрежи сподели информации дека откако Кристијан ја претепал, ја возел во кола додека во алкохолизирана состојба го барал неговиот татко за да ги собере пријателите и да се ослободат од девојката, мислејќи дека е мртва.

…

повеќе

Back to top button
Close