Го запалил автомобилот на мајка му, па се заканувал дека ќе го запали и домот – приведен 28-годишник
28-годишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека го запалил автомобилот на својата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот се случил на 19 ноември, околу 5:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот наводно го опожарил возилото „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, кое било во сопственост на неговата мајка.
Полициските службеници го лишиле од слобода во 6:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






