Турска државјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
Жена од Турција е пронајдена почината во стан во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 19 ноември, во 22:45 часот. Станува збор за 47-годишната Д.Б. од Република Турција. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.






