Градоначалникот на Белград обвинет за нанесување тешки телесни повреди врз жена

Oсновно јавно обвинителство во Белград поднесе до суд обвинение против градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, поради сомнение дека на 28 септември ја удрил одборничката во Советот на општина Нов Белград, од движењето Крени-Промени, Тaтјана Мичиќ.

Тој е обвинет за кривично дело тешка телесна повреда, соопшти обвинителството.

Обвинителството предложи судот да го прогласи обвинетиот за виновен и да го осуди на затворска казна од најмалку три години, а со цел да ја заштити оштетената и да му изрече мерка на безбедност со која ќе му забрани да се приближува и да комуницира со неа.

Шапиќ е обвинет дека на 28 септември, околу 21:15 часот, во Нов Белград, по кратка расправија, ја зграпчил Мичиќ за десната рака и ја удрил со тупаница во лицето.

Оштетената претрпела скршеници на носната коска и дел од горната вилица, како и повреди на вратот и десната рака, што заедно претставуваат тешка телесна повреда.

Движењето Крени-промени претходно во соопштение изјави дека судски вештак, ангажиран од обвинителството, потврдил дека Шапиќ ѝ нанел тешки телесни повреди на Татјана Мичиќ, советничка на тоа движење, на 28 септември.

 

Back to top button
Close