Студентската листа е блиску до договор и предлог за нова влада во Србија

Студентската листа е блиску до решение за составот и организацијата на новата влада, но приоритет е таа да биде ефикасна и функционална, изјави Александра Штимац, заменик-шеф на пратеничката група.

Разговорите за идната влада започнале веднаш по изборите, а Студентската листа, како што посочи Штимац, за секоја позиција може да предложи повеќе подеднакво квалитетни кандидати. Во моментов се разгледува и бројот на

„Нам ни се чини дека тоа е навистина гломазен апарат, кој до одреден степен не е потребен. Некои министерства без ресор евентуално би можеле да се интегрираат во други министерства како посебни канцеларии. За тоа во моментов се дискутира. Секако, се разговара и за кадровските решенија, но од примарно значење е како функционално ќе изгледа владата“, објасни Штимац.

Во интервју за телевизијата „Инсајдер“, таа порача дека пратениците од Студентската листа ќе ја контролираат извршната власт и ќе проверуваат дали законите се во согласност со ветувањата дадени на граѓаните. Одлуките во рамките на групата, додаде, се носат преку дебата и со мнозинство гласови.

Штимац рече дека ја разбира загриженоста на граѓаните и потребата владата да биде формирана што е можно поскоро, но не прецизираше дали тоа ќе се случи до крајот на годината.

„Многу е важно и граѓаните да разберат дека во овој момент е исклучително значајно владата да се структурира онака како што е потребно. Не велам дека ќе одолговлекуваме, сигурно нема да одолговлекуваме. Размислуваме за брзината и во моментов сме исклучително фокусирани на тоа“, изјави Штимац

Back to top button
Close