Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, уапсен 46-годишник

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, дознава „Скопје1“.
Според информациите до кои дојде „Скопје1“, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот.
Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато на кого конкретно биле упатени заканите.
LANDOV Трифуновски за 27 април: Не е тероризам, власта треба да најде храброст за помирување
Во врска со случајот, од слобода е лишен 46-годишен маж со иницијали В.К., кој бил пронајден брзо по настанот, а лоциран преку видео-надзорот.
Потврда за настанот „Скопје1“ доби и од Министерството за внатрешни работи.
По целосното документирање на случајот, против приведениот се очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава. Тие не прецизираат за кое дело ќе го гонат лицето.






