Зеленски: Русија ја менува тактиката, таргетирајќи ги регионот Одеса и Дњепропетровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека руските сили ја промениле тактиката на напад врз енергетскиот систем и се фокусирале на уништување на мрежите и далноводите со цел да ги отсечат Одеса и Дњепропетровската област од извори на енергија.
Во објава на својот Телеграм канал, тој изјави дека ситуацијата во погодените области е тешка и дека илјадници луѓе се оставени без електрична енергија, објави Униан.
„Критично важната инфраструктура е повторно воспоставена во Одеса и се презема сè за да се обезбеди алтернативно снабдување со енергија. Се работи во регионот Днепар, Каменск, како и во Харков и Полтава“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина изјави дека домашните експерти за енергија и армијата добиле специфични задачи со цел да се спротивстават на новите тактики на руските сили.
Украинскиот премиер Сергеј Коретски ја објави можноста за ангажирање воени експерти во санацијата на оштетените енергетски објекти.






