Три дена истекува вода од пукната цевка на булеварот „АСНОМ“, поплавени тревникот и паркингот

Жителите на булеварот „АСНОМ“ во скопската општина Аеродром алармираат за неконтролирано истекување вода од пукната цевка кај зградата број 52. Според нивните објави во групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“, водата истекува уште од 20 ноември, а во меѓувреме се поплавени тревникот и паркингот пред зградата.

Screenshot

Граѓаните велат дека проблемот го пријавиле во ЈП „Водовод и канализација“, од каде што добиле одговор дека за интервенција е потребен налог од Општина Аеродром. Посочуваат и дека екипите на „Паркови и зеленило“ ги затвориле вентилите, но водата продолжила да истекува.

Според нивните реакции, и покрај пријавите, сè уште нема соодветна интервенција за целосно запирање на истекувањето. Жителите предупредуваат дека секој час се губат големи количества вода и бараат надлежните служби итно да постапат и да го санираат дефектот.

Back to top button
Close