Вo среда Грција ќе биде парализирана поради генерален штрајк во речиси сите сектори
Студентите, вработените во образованието, најголемиот синдикат во јавниот сектор АДЕДИ и синдикатите во различни сектори на економијата најавија генерален штрајк в среда – 25 ноември.

Студентите и наставниците ќе протестираат против проблемите во образованието, недоволното финансирање и дефицитите во инфраструктурата.
Претставниците на вработените во јавниот и приватниот сектор бараат зголемување на платите, колективни договори, воспоставување 7-часовен работен ден и 35-часовна работна недела, како и поздрави и побезбедни услови за работа.
Покрај АДЕДИ, на штрајкот се приклучуваат и Федерацијата на градежништвото и сродните професии, Федерацијата на вработени во приватниот сектор, Синдикатот на болничките лекари ЕНАПЕ, Синдикатот на угостителските и туристичките работници.
Денеска и грчките морнарички синдикати повикаа на 24-часовен штрајк на 25 ноември, при што се очекува откажување на многу закажани фериботски услуги. Панхеленскиот синдикат на инженери на трговската морнарица и Синдикатот на млади инженери на трговската морнарица Стивенсон повикаа на национален штрајк на сите категории бродови, барајќи единствен колективен договор и зголемување на платите за 12 проценти, како и 35-часовна работна недела, безбедносни мерки и заштита на морнарите од работа во воени зони.
Од своја страна, Синдикатот на трговската морнарица одлучи да одржи 24-часовен штрајк во пристаништата во регионот Атика и на бродовите во Јадранското Море, барајќи зголемување на платите, спроведување на колективните работни договори и безбедни услови за работа. С
Се очекуваат прекини и во другите видови транспорт во Грција поради штрајкот.
Метрото во Атина ќе сообраќа само помеѓу 9 часот наутро и 18 часот на 25 ноември, додека одлуките од надлежните синдикати сè уште се чекаат за автобусите, тролејбусите, трамваите и приградските железници. Сојузот на синдикати во Управата за цивилно воздухопловство, исто така, најави штрајк.






