Студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Во Скопје, се очекува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Најавен е слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни – над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец






