Мајкрософт прогласи „Црвен код“ по глобалниот колапс на услугите
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт прогласи „Црвен код“ (Code Red) и започна итна акција за подобрување на системот што треба да спречи големи прекини и да овозможи побрзо обновување на неговите услуги.

Одлуката следеше по глобалниот прекин на 12 и 13 ноември, кој траеше околу 24 часа и влијаеше на голем број услуги, вклучувајќи ги Exchange Online, Outlook, Teams, Copilot и други производи од пакетот Microsoft 365. Размерот на проблемот и одговорот на компанијата ги објавија американските медиуми повикувајќи се на интерни меморандуми.
Прекинот имаше последици низ целиот свет. Работата на владините институции во Австралија, Јапонија и САД беше попречена, комерцијалните компании се соочија со доцнења, а прекините влијаеја и на комуникациите во воздушниот сообраќај.
Мајкрософт наведе за грешка во скалабилноста во оперативниот систем Windows, воведен во јули, која не беше откриена пред да предизвика проблеми. Компанијата соопшти дека дефектот не е поврзан со сајбер напад или вештачка интелигенција. Извршниот директор Сатја Надела јавно им се извини на корисниците.
Претседателот на секторот M365 Core, Џејсон Хендерсон, во интерен меморандум оцени дека ова е инцидент со најголеми последици за корисниците во историјата на услугата Exchange Online. Тој особено посочи на фактот дека толку голем број корисници никогаш порано не биле без пристап до е-пошта толку долг временски период.






