Трамп и Руте ја предупредија Москва да не ја проширува војната во Украина

Средбата се одржа по минатонеделната средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Ѓинпинг за време на неговата посета на Азија

EPA/FILIP SINGER / POOL

Руте, кој во повеќе наврати се обидуваше да ги намали несогласувањата во НАТО и да ги одржи добрите односи со Трамп, оцени дека е сосема нормално големите нуклеарни сили да одржуваат средби. На разговорите на Флорида биле опфатени и зголемувањето на издвојувањата за одбраната, како и инвестициите во САД и во земјите членки на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја повикаа Русија да избегнува потези што би можеле да доведат до проширување на војната во Украина. Пораката ја упатија преку заедничко соопштение по средбата на Флорида, на која разговарале и за војната во Иран.

„Разговаравме и за важноста Русија да избегнува какви било потези што намерно или ненамерно би ја прошириле војната, како и за потребата што побрзо да се постигне мирно решение на конфликтот“наведоа Трамп и Руте во заедничкото соопштение.

Средбата се одржа по минатонеделната средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Ѓинпинг за време на неговата посета на Азија.

Трамп двајцата ги нарече како свои пријатели, што предизвика реакции кај неговите политички противници во Демократската партија, но и кај европските сојузници.

Руте, кој во повеќе наврати се обидуваше да ги намали несогласувањата во НАТО и да ги одржи добрите односи со Трамп, оцени дека е сосема нормално големите нуклеарни сили да одржуваат средби. На разговорите на Флорида биле опфатени и зголемувањето на издвојувањата за одбраната, како и инвестициите во САД и во земјите членки на НАТО.

Војната во Украина и американско-израелскиот конфликт со Иран биле меѓу главните теми на средбата, но во заедничкото соопштение не се објавени детали за разговорите поврзани со Иран.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, порача дека Европа мора да биде вклучена во мировните преговори за завршување на војната.

Трамп често ги критикува западните сојузници, меѓу кои и европските членки на НАТО, поради недоволните издвојувања за одбраната, трговските царини, но и она што го оценува како недоволна поддршка за американско-израелската војна против Иран.

Back to top button
Close