(ВИДЕО) Најдоски: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Прес конференција на СДСМ, Мирче Најдоски – Комисија за култура

Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година.

Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Документ што со години ги гарантира работничките права на вработените во културниот сектор.

Зошто е тоа така?

Дали криминалната влада која контролира се во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утрте треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата.

Сакаме да испратиме јасна порака: работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт!

Колективниот договор за култура беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог. Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.

Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација.

ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права.

Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување.

СДСМ ги поддржува културните работници во секоја законска и синдикална форма на борба за заштита на нивните права.

Културата не е партиски плен. Културните работници не се колатерална штета на политиките на оваа власт.

Рацете подалеку од работничките права! Колективниот договор за култура мора да биде заштитен заради работниците!

 

Back to top button
Close