Приведено лице за убиството кај Смилковско Езеро

Телма од свои извори дознава дека едно лице е приведено во рамки на истрагатз за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако беше застрелан во нога.

Според првичните сознанија, лицето е приведено како осомничен по истрагата отворена за крвавиот злостор.

Телото на застреланиот беше најдено од случаен минувач во 6:15 часот во сабота рано наутро, а според снимки преземени од безбедносни и Сејф сити камери, кон локацијата каде е застрелан бил неколку минути пред 5 часот. Телефонот на убиениот бил најден во автомобилот, а тој бил ранет во нога, во артерија при што настапило обилно крварење и не успеал да повика помош за да се спаси.

Нападот се случил на десетина метри од Смилковското Езеро и од црквата изградена на оваа локација по 5-кратното убиство на 4 момчиња од Радишани и Бутел и еден жител на Црешево, масакр кој се случи пред Велигден во 2012-та година. Двајца од осудените за тоа убиство се уште се во бегство и не ја издржуваат доживотната затворска казна.

Жители на Смилковци со кои разговаравме после убиството велат дека преку ноќ покрај езерото доаѓаат и се собираат луѓе, а некои од нив најверојатно учествуваат во сомнителни активности.

…

Повеќе

Back to top button
Close