Македонските фудбалерки со убедлив триумф над Црна Гора стартуваа во евроквалификациите

width=”730″ height=”478″ class=”alignnone size-full wp-image-802495″ />
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со победа го отвори настапот на евроквалификацискиот турнир што се одржува во Србија, откако денеска во првото коло ја совладааЦрна Гора со 7:3.

Првиот погодок го постигнаа Црногорките веќе во петтата минута, а стрелец беше Јована Радовиќ. Само шеесетина секунди подоцна, Македонија успеа да го израмни резултатот, а мрежата на противничките ја затресе Настасја Накова.

Во 29. минута, Аника Петровиќ ја погоди сопствена мрежа за водство на Македонија од 2:1, а до крајот на првиот дел нашите репрезентативки постигнаа уште два гола.

Во 40. минута, Меланија Грозданова донесе предност од 3:1, а во втората минута од судиското надополнување повторно се запиша меѓу стрелците за водство од 4:1.

По шест минути игра во второто полувреме Ангелина Дресај намали на 4:2, а во 55. минута Теона Голабовска по прецизно изведен удар од 11 метри зголеми на 5:2.

Седум минути подоцна, беше досуден пенал за Црна Гора, а прецизна беше Јана Мердовиќ., а во 60. минута Голабовска повторно се запиша меѓу стрелците за водство од 6:2.

Во 83. минута Мелани Цветковиќ го постигна седмиот гол за Македонија во дуелот против Црна Гора, а воедно со тоа го постави конечниот резултат.

Во првиот натпревар од групата домаќинот Србија го совлада нашиот следен противник Азербејџан со 4:0.

Македонија во второто коло на 29 ноември ќе игра против Азербејџан, а во завршната рунда на 2. декември против домаќинот Србија.

Back to top button
Close