(Видео) 16-годишен иноватор успеа да направи селфи со Путин и покрај присуството на телохранителите


Шеснаесетгодишниот индиски претприемач Раул Џон Аџу се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, каде што учествуваше во разговор за примената на вештачката интелигенција во образованието. По средбата, младиот иноватор побарал заедничка фотографија, а Путин прифатил. Снимката, објавена од Кремљ, привлече внимание и поради двајцата крупни телохранители кои постојано стоеле непосредно зад рускиот претседател.

Аџу, кој доаѓа од индиската сојузна држава Керала, во технолошките кругови е познат како „Детето на вештачката интелигенција“. Тој е основач на компанијата „AIRealm Technologies“, а меѓу неговите проекти е едукативната платформа „ThinkCraft“, преку која, според објавените податоци, поминале повеќе од 500.000 корисници. Уште на 12-годишна возраст го создал роботот „MeBot“, кој користел вештачка интелигенција и негови лични податоци, глас и начин на комуникација.

За време на разговорот, Путин го отворил прашањето дали широката употреба на вештачката интелигенција може да ја намали способноста на учениците за самостојно размислување. Аџу одговорил дека технологијата треба да биде помошник во учењето, а не замена за човечкото размислување. Според него, учениците најпрво треба да ги совладаат основните знаења, а потоа да ја користат вештачката интелигенција за да истражуваат и да доаѓаат до нови сознанија.

Средбата се одржа во Москва, по пленарната сесија на конференцијата „AI Journey“, на која учествуваа Путин и казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев. На разговорот присуствувале млади учесници од Русија, Индија и Казахстан, меѓу кои и добитници на олимписки натпревари по вештачка интелигенција и роботика. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close