„За една година Али Ахмети и Мендух Тачи во Собрание се појавиле само 4 пати а добивале по 25.000 евра“, вели адвокатот Муамеди

„За една година Али Ахмети и Мендух Тачи во Собрание се појавиле само 4 пати а добивале по 25.000 евра“, вели адвокатот Муамеди

Адвокатот Умејр Муамеди упати критики до Али Ахмети и Мендух Тачи, тврдејќи дека двајцата пратеници во текот на една година се појавиле само четири пати во Собранието, а за тој период добиле по 25.000 евра.

Во објава на социјалните мрежи, Муамеди посочува дека Ахмети и Тачи се пратеници веќе 24 години и ги повика граѓаните да пресметаат колку заработиле само од пратеничките плати во тој период.

Тој ја искористи објавата и за критика на односот кон младите кои сакаат да се вклучат во политиката, оценувајќи дека тие често не добиваат поддршка кога изразуваат амбиции да станат пратеници или советници, и покрај тоа што, како што наведува, имаат чесни намери.

Муамеди во објавата иронично им порача на граѓаните да продолжат да ги поддржуваат ваквите политички практики.

Back to top button
Close