Пехчевец не почитувал забрана од суд, па ја нападнал сопругата
Неколку случаи на семејно насилство нотира денешниот полициски билтен, при што биле тепани сопруги, мајки, ќерки, но и син го нападнал таткото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” и ,,неизвршување на судска одлука”. На 17.11.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, со што не го почитувал Решението од Основен суд Берово, односно ја прекршил забраната да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз неговата сопруга, како и забраната да ја малтретира и вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира.
На 27.11.2026 во 04:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, пстапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.11.2026 во семејната куќа, пријавениот ја навредувал неговата ќерка и ѝ упатил закани, по што собата ја полила со запалива течност се заканил дека ќе ја запали неа и куќата.
На 26.11.2026 во 18:45 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.К.(24) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 17.11.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
На 26.11.2026 во 16:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(69) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 67-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.






