Американската армија онеспособила брод што се обидел да ја пробие блокадата на иранските пристаништа

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив онеспособи трговски брод што се обидувал да ја пробие американската блокада на иранските пристаништа, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Погоден е бродот „Пацифик арчер“, што пловел под знамето на Палау, а испловил од пристаништето Бандар Абас.
Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека екипажот на бродот повеќе пати бил предупреден пред американски авион да изврши напад. Но, не е наведено каков товар превезувал погодениот брод, ниту која била неговата крајна дестинација.
САД ги блокираат иранските пристаништа уште од април. Блокадата беше привремено укината во текот на летото, што се совпадна со мировните преговори со Техеран, но повторно беше воведена во јули. Според американската армија, оттогаш 158 трговски бродови биле пренасочени кон други рути, а оние што одбиле да ги почитуваат наредбите биле онеспособени.
„Пацифик арчер“ е најмалку петнаесеттиот брод за кој е потврдено дека е онеспособен од американската армија откога почна блокадата и шести откога таа беше повторно воведена во текот на летото. Претходниот брод беше онеспособен на 7 ноември.






