Професор се самоуби во затвор! Беше под истрага за обид за силување малолетно лице

Професор кој беше под истрага за обид за силување малолетничка, си го одзел животот, дознава Алсат.

Според изворите на телевизијата, професорот се обесил со чаршав, за време на прошетката на останатите затвореници во кругот на КПУ, затвор Скопје.

Лицето С.М. беше под истрага за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години.

Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Back to top button
Close