Пензионирањето на 64 години ќе биде задолжително
Носиме одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години, рече вечерва премиерот Зоран Заев во интервјуто на МТВ.
Тој истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години.
– Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години да може да се докупи стажот, истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.
Тој појасни дека сумата на придонесите за пезниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.
– Ние мораме да го заштитуваме пензискиот фонд и истовремено отвораме нови работни места, пензискиот фонд мора да го држиме стабилен да дава редовно пензии, но и да обезбедува пензии за идните пензионери, нагласи премиерот Зоран Заев.
На крајот на септември ќе го имаме викендот без ДДВ.
– Викендот ќе биде воведен пред почетокот на школската година бидејќи тогаш знаеме дека родителите повеќе трошат за дечињата, изјави Заев.