Мицковски на ФБ: Сајковски е нов генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека Ѓорѓија Сајкоски е избран за нов генерален секретар на партијата.

-Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Изборот на нов генерален секретар уследи откако, како што рече, тогашниот генерален секретар Игор Јанушев се повлекува од функцијата од, како што изјави, лични причини

Back to top button
Close