Aбази: Со Бејта случајно се најдовме на врв на планина

Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители и ја презеде функцијата од Вилма Русковска.

Од обвинителката Русковска тој доби информации за дел од предметите што се работат во обвинителството, а од новинарите, пак, претходно доби прашање за фотографиите што се појавија во јавноста, а на кои тој е со претставници на ДУИ. Една од фотографиите кои ги коментираше беше со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, на планира.

„Во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми е ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв, тоа е еден врв во Република Северна Македонија, е радост и се практикуваат слики да го обележиш тој настан за искачување на врв. Тука сме се нашле ние случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика – рече Абази.

Во неговото прво појавување по победата на изборите на 7 ноември, обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, или други функционери од редовите на интегративците.

Back to top button
Close