Абазовиќ: Ми нудеа 21 милион евра да не го соборам Ѓукановиќ од власт

Лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ, кој во новата црногорска влада е предложен за потпретседател, најверојатно за безбедност, изјави дека му биле понудени 21 милион евра да не коалицира со други две изборни листи со цел да се собори од власт ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Сепак Абазовиќ не сакаше да открие кој му ги понудил парите.

Тој тврди дека добивал понуди од сите страни и од „некои кланови“, но одби да каже кој и што му нудел.

– Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци бидејќи влогот е огромен, кој го добивме по изборите. Но, не се чувствувам небезбедно, изјави синоќа Абазовиќ.

Back to top button
Close