Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената од Кратово која им пресуди на сопругот и свекорот

36-годишната жена од Кратово која го уби својот сопруг и свекорот доби правна помош и адвокатска канцеларија која ќе ја застапува во случајот и на судскиот процес.

,,Сe работи за многу ситна жена која сè уште има траги од критичниот ден. Сметам дека ниедно семејство не треба да го помине ова што го помина обвинетата и нејзините малолетни деца. Ни претстои долга правна битка”, вели адвокатот Христијан Георгиевски.

Неколку соседи веќе се пријавиле како сведоци.

Адвокатот Георгиевски и неговиот тим веќе побарале комплетна документација за сите досега поднесени пријави од осомничената како и против неа.

Back to top button
Close