Аеродромот во Џакарта затворен поради вулканска пепел од Анак Кракатау

Меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“ во Индонезија ги прекина сите летови до 9:30 часот по локално време, поради вулканска пепел од продолжената ерупција на вулканот Анак Кракатау, соопшти управата на главниот аеродром во Џакарта на Инстаграм.

Поради забраната се засегнати 33 лета, меѓу кои и неколку меѓународни, соопшти индонезиското Министерство за транспорт.

Вулканот Анак Кракатау еруптираше во петокот вечерта, а вулканска пепел била забележана на аеродромот рано утринава.

Службата за справување со катастрофи соопшти дека поради ерупцијата нема непосредна опасност од цунами.

Back to top button
Close