Агим Красниќи уапсен во Косово е избеган од затворот во Штип

За Красниќи со години е распишана меѓународна потерница, откако во 2020 година по викенд-отсуство не се јавил во затворот во Штип

Косовската полиција вчера уапси четворица македонски државјани, меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи.

Оттаму соопштуваат дека во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблички, во кое биле пронајдено и оружје и муниција. Тројца од четворицата уапсени имале лажни документи за идентификација.

За Красниќи со години е распишана меѓународна потерница, откако во 2020 година по викенд-отсуство не се јави во затворот во Штип.

Меѓународната потерница за Красниќи е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи

Тој е дел од кондовската група обвинета за неколку кривични дела – спречување избори и гласање (на парламентарните избори од 1 јуни 2008), злосторничко здружување и за недозволено држење огнено оружје.

Осуден е на 15-годишна казна затвор. За доиздржување му остануваат 3 години и три месеци од казната.

Back to top button
Close