Ахмети по Централното претседателство: Денеска разговаравме само за Европскиот фронт

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по Централното претседателство изјави дека денеска разговарале само за ЕУ поточно за Европскиот фронт на кој ДУИ ги повикува сите политички партии во Македонија,,  а за внатрепартиските состојби ќе дискутирале на дополнителна седница која ќе ја одржеле  идната недела.

На прашањето околу поделбата на дуисти и огнени лидерот Ахмети по состанокот на новинарите им изјаави дека ДУИ не е созадена да се распаѓа туку да се гради и доградува и дека така ке биде и понатаму. Дека на овој состанок денеска не станало збор за кавгите во ДУИ Изет Меџити предводник на „огнените“ потвррди дека денеска расправале само за Европскиот фронт што го заговара ДУИ а за несогласувањата со „артанистите“ ке имаат состанок идната недела.

Back to top button
Close