Гостиварец го искршил мобилниот на својата девојка, а потоа ја истепал пред зграда

Гостиварец е задржан во полициска станица бидејќи физички ја нападнал својата девојка, информираат од МВР.

-На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон. Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР.

Back to top button
Close