Јакимовски: Како претседател ѝ давам рок на ЕУ до 2030 година, ако не да си бараме чаре

Во своето гостување во радиската емисја „Еспресо со Златев и Боцевски“ претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски истакна дека Македонија нема време за губење и дека како престедател на државата ќе му даде рок на Брисел до 2030 година да ја прими Македонија во ЕУ, доколку тоа не се случи ќе бара друга алтернатива.

-Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година да чекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година, Вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме, но ние мораме да си бараме пат за развој на државата, вели Јакимовски.

Јакимовски прашува зошто во Македонија нема странски инвеститори како една Србија?

-Moжно ли е во Македонија да нема ниту еден инвеститор од Саудиска Арабија, од Катар, од Емирати, од Либан да бројам уште? Како тие инвеститори ги има и во Германија, и во Англија како ги има во Америка?

Ги има во Србија. Можно ли е Лук Оил да има 1300 бензиски пумпи во Америка, а ние да не смееме ни руска салата да јадеме, прашува Јакимовски.

Back to top button
Close