Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија, Луна паркот „ветено чудо“, децата пораснаа чекајќи го!
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во гостувањето на „4ТВ“ упати серија забелешки за начинот на кој се управува со главниот град по промената на локалната власт, објави 4news.mk Според него, Скопје сè уште страда од нефункционалност на јавните претпријатија, додека реалните проблеми се покриваат со висок степен на популизам.
Јакимовски смета дека споредбите на новиот градоначалник со Данела Арсовска се погрешни и дека вистинскиот репер за успешност треба да бидат поранешните градоначалници како Ристо Пенов или Коце Трајановски.
„Не се прави споредба со Данела. Споредба се прави со Пенов или Трајановски. Ова што сега го гледаме е истата политика како и на централно ниво – чист популизам. Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија. Ве прашувам вас: имате ли чувство дека за 72 часа Скопје навистина се исчисти? Дека е окосено? Напротив, гледаме прилози за змии и влекачи низ градот“, дециден е Јакимовски.
Повеќе на 4 news mk






