Ако нема основ за поскапување на лебот – ќе следат казни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки доколку се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат санкции.

„Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имам состанок на оваа тема. Ќе го видиме инпутот и да видиме дали врз основа на тој инпут којшто тие го декларираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, тогаш ќе кажеме да има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба, тогаш тие коишто девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“, изјави Мицкоски.

Во однос на предлозите за намалување на данокот на додадена вредност за храна, премиерот оцени дека станува збор за мерки што Владата ќе ги разгледува согласно состојбите, а не за иницијативи на опозицијата

 

Back to top button
Close