Ако вечерва владата падне, не не барајте повеќе, порача Абазовиќ

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ вели дека нема да учествува во преговорите за формирање на новата извршна власт доколку Парламентот вечерва изгласа недоверба на неговата влада.

-Вечерва имаме можност да гласаме и да не гласаме за иницијативата на ДПС. Ако вечерва падне владата, со среќа нека ви е. Немојте повеќе да го викате Движењето УРА – рече Абазовиќ.

Тој додаде дека иницијативата на Демократската партија на социјалистите (ДПС) за буткање на владата е поднесена по потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ).

-Иницијативата на ДПС дојде како плод на потпишувањето на Темелниот договор. Кога реков дека постојат луѓе кои би гласале околу одбрана на Темелниот договор, за некои од нив тврдам дека не би го потпишале. Јас не трепнав и не го направив ова поради гласови и поддршка, туку поради помирување на народот во Црна Гора, особено православното население. И се гордеам на тоа – рече Абазовиќ.

Демократите на Алекс Бечиќ, пак, најавија дека ќе гласаат пад на владата.

-Ние вечерва не рушиме ништо друго освен владата на ДПС. Ние ја рушиме владата на ДПС, а на оние кои народот ги избра на 30 август да прават промени по 30 години од претходниот режим, им нудиме да потпишат дека по падот на власта нема да прават комбинации со ДПС, туку дека ќе го вратиме тоа мнозинство што беше волја на изборите – рече пратеникот Владимир Мартиновиќ.

Предлогот за недоверба на Владата го поднесоа 36 пратеници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија, Либералната партија, Социјалдемократите и Демократскиот сојуз на Албанците, само неколку часа откако Абазовиќ го потпиша Темелниот договор со Патријархот на Српската православна црква, Порфириј.

Back to top button
Close